Шефот на македонската дипломатија во работна посета на Бугарија

Министерот за надворешни работи, Никола Попоски, ќе биде во работна посета на Бугарија, каде што ќе биде примен од неговиот бугарски колега, Кристијан Винегин.

Во рамки на оваа работна посета, предвидено е  Попоски да оствари средба во Народното Собрание  со членовите на Групата за пријателство помеѓу Бугарија и Македонија како и да одржи предавање во Институтот на Министерствотo за надворешни работи во Софија.

Во оваа пригода, Министерот Вигенин, во својство на домаќин ќе приреди и работен ручек во чест на Министерот Попоски.