Шефовите на дипломатија на Кина и Индија за економската соработка

Шефовите на дипломатија на Кина и Индија се состанаа вчера во Њу Делхи прв пат од стапувањето на должност на новиот индиски премиер Наренди Моди.

Разговорите на кинескиот министер Ванг Јиа и шефот на индиската дипломатија Сушма Свара се однесувале пред се на економијата и биле „продуктивни и содржајни“, рекол портпаролот на министерството за надворешни работи на Индија Сијед Акбурдин.

„Разговараме за сите важни прашања и искрено и срдечно. Сметаме дека ова е продуктивен почеток на соработката на новата влада на Индија и кинеската влада“, рекол портпаролот.

Двајцата официјални претставници разговарале за економските прашање, но и за спорот околу границата заради кој последните годинини односите на двете земји се заострени.

Кинескиот министер, кој е на дводневна посета на Индија, би требало денес да се состане со премиерот Наренди Моди, кој, откако ја превзема должноста, се заложил за приближување на Кина и Пакистан.

Новиот премиер на Индија го поканил кинескиот претседател Сји Џинпинг во посета, а двајцата шефови на дипломатија требало да ги договорат деталите на посетата.