Шеик го нуди целото богатство само одблизу да ја види нашата Симона

Викендов на Кипар, поточно во градот Кирениа, ќе се одржи изборот за Мис на Медитеранот 2015. Наша претставничка е 19-годишната Симона Станковска од Скопје, која веќе десетина дена е на Кипар каде заедно со останатите учеснички се подготвува за големото саботно финале.

Освен што се спрема за финалето Симона, која важи за една од фаворитките што не е ни чудно со оглед на досега освоените титули, мака мачи и со обожавателите, односно со некој шеик кому толку му се допаднала што почнал да нуди се и сешто само за да ја види одблизу.

На Кипар Симона замина заедно со тимот од модното студио Црнокрак кое ја поседува лиценцата за Македонија за Мис на Медитеранот, а ова не и е прв настап на интернационални избори за убавина. Како победничка на изборот за Мис на Македонија 2013 за Мис Глоуб, на Мис Глоуб истата година освои дури 4 титули. Веќе следната година во Кина, во Санија, на островот Хајнан на интернационален избор за модели, во конкуренција од преку 80 девојки од целиот свет, ја освои титулата Втора придружничка.

Организатор на изборот за Мис на Медитеранот е Аја продукција од Бејрут, Либан.

Извор: Вечер

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.