Шекеринска ги напушти камперите и замина на луксузен викенд

Оставајќи ги сопартијците и поддржувачите на улица, Радмила Шекеринска со сопругот Бобо најверојатно замина на луксузен викенд надвор од државата.

Весникот Вечер во раните утрински часови ги забележа како ја напуштаат земјата на аеродромот „Александар Велики“. Според весникот тие отпатувале сигурно до Загреб од каде што бил и авионот, но многу веројатно е дека хрватскиот главен град е само трансфер од каде Шекеринска и сопругот продолжиле до следнта поегзотична дестинација.

Од СДСМ не можеа ниту да потврдат ниту да демантираат дека Радмила Шеќеринска е надвор од Македонија.

– Немаме коментар, беше кусиот одговор од партијата, пренесува ВЕЧЕР.

Луксузирањето е заштитен знак на Шекеринска од кој очигледно не може да се откаже ниту во моменти кога ги тера сопартијците да излезат на улица и да спијат во шатори. Додека таа и нејзиниот сопруг се на лукзузен викенд надвор од Македонија јавноста продолжува да бара одговори за скандалот со кириите во кои семејството Јанковски/Шекеринска сами на себе си издавале четири станови и за тоа наплатиле над 320.000 евра.

Како што пишуваа медиумите, сопругот на заменик претседателката на СДСМ во периодот од 2009 до 2013 година самиот на себе си изнајмувал четири станови сопственост на неговото семејство за суми кои се неколкупати повисоки од реалните на домашниот пазар на недвижности.

Сопругот на Шеќеринска, Божидар Јанковски за станот на улицата Хаванска во Скопје, месечно од фирмата Дајнерс, каде има функција на управител на личната сметка си префрлал по 5.300 евра. Само за овој стан, во периодот од 4 години, сопругот на Шеќеринска успеал да извлече од фирмата Дајнерс неверојатни 203 илјади евра.

Уште над 100.000 евра за 5 години Бобо Дајнерс извлекол и  за станот на неговата мајка на булеварот Партизански одреди за кој месечно си плаќал по неверојатни 2.500 евра. Медиумите објавија дека и покрај тоа што компанијата Дајнерс годишно за становите на семејството Шеќеринска-Јанковски плаќала по повеќе од 100.000 евра, овој станбен простор воопшто не го користела.

Ваквиот скандал според познавачите на состојбите е доказ дека огромните суми кои се исплаќале за кирии, всушност биле начин како средствата да се извадат од сметката на фирмата, а при тоа да не се плати данок.

Доколку ги вадите парите како трошоци за кирија, за нив плаќате персонален данок од нешто над 7%, што е над 50% повеќе од стандардниот персонален данок на доход кој изнесува 11,11%.

Но тоа е само еден дел од изигрувањето на даночната регулатива, велат експертите. Според нив, парите кои фирмата Дајнерс ги плаќа за кирии, се одбиваат од нејзината вкупна добивка што значи дека на крајот од годината, фирмата прикажува помал профит а тоа значи дека плаќа и помала сума на државата на основ на данок на добивка. Пресметките велат дека во периодот од 2009 до 2013 година сопругот на Шеќеринска затаил 2,8 милиони денари за данок на добивка и над 1,5 милиони денари за персонален данок на доход со што ги оштетил граѓаните на Македонија за сума од околу 4,5 милиони денари.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.