Шекеринска и СДСМ без кредибилитет кај народот

Радмила Шекеринска и СДСМ без кредибилитет кај народот. Шекеринска е политичар кој е дел од сите штетни политики на СДСМ, а по 20 години се уште е на врвот на партијата.

Шекеринска останува во сите струи на партијата. Таа беше дел од младината на СДСМ, портпарол и одобрувач на сите штетни политики на партијата и на Црвенковски од криминалната транзиција па се до денес. Моментално е заменик претседател на СДСМ и втор човек во партијата. Важи за исклучително неомилен лик меѓу народот. Причините за тоа се многубројни.

 

Дел од лагата-вработување на член од секое семејство

Зад неа стојат низа лажни ветувања. Како и Бранко, и Шекеринска пред изборите во 2002-ра ветуваше дека ќе вработи по еден од секое семејство.

Не само што не вработи по еден од секое семејство, туку во мандатот на СДСМ бројот на невработени се зголеми токму во времето кога Шекеринска беше вицепремиер и задолжена за европските интеграции.

Шекеринска дел од бонбона бизнисот

Низа скандали ја тресеа оваа политичарка додека ја вршеше функцијата на вицепремиер. Како на пример, за неа продажбата на ЕСМ беше „бонбона бизнис“.

Овој бизнис што за Шекеринска беше “бонбона“, на граѓаните им донесе повисоки сметки за струја.

Актуелната заменичка на Зоран Заев наместо да вработува невработени, си вработи лица од своето најблиско семејство. Додека Шекеринска е на чело на Секретаријатот за Европски прашања, главна за сите тендери и набавки е сестрата на нејзиниот сопруг. Имаше тендери кои припаднаа на фирми на роднини на Шекеринска. Но, народот ова го помни, а скандалите се толку на број што се дознаваат и години подоцна.

Така, минатата година беше откриен скандал каде членот на извршниот одбор Јован Деспотовски и вработен во СЕП тогаш делел тендери на фирмите во сопственост на братучеди на Шекеринска. Стотици илјади денари биле исплаќани на фирмата БТ Македонија, каде управител е првата братучетка на Шекеринска, Искра Петровска, а сопственик е друга фирма која се нарекува СОФИКС.

Мислеа дека така ќе ја сокријат трагата, но беа обелоденети вистинските сопственици на фамозната фирма. Очекувано, тоа беа повторно роднини на Шекеринска, нејзиниот тетин Методија Наумовски и братучетката Искра Петровска. Искра е сестра на активистот на СОРОС Никола Наумовски, познат по тоа што физички го нападна новинарот Антонио Димитриевски.

Шекеринска е ликот кој повика референдумот во 2004-та година да не успее.  Таа рече „Некои прашања не заслужуваат одговор“. На референдумот мнозинството се искажало против новата територијална поделба, но референдумот не бил успешен поради тоа што не бил постигнат законски потребниот процент од 51% излезеност на вкупното население.

Но, скандалите не застануваат…

Најновиот скандал беше што семејството Шекеринска-Јанковски си изнајмувале самите на себе 4 стана. Односно, политичарката и нејзиниот сопруг за 4 години добиле 320.000 евра за кирии на 4 стана кои преку фирмата Дајнерс си ги издавале самите на себе.

Инаку, директорот на скопската “Дајнерс“ е токму сопругот на Шекеринска, Божидар Бобо Јанковски. Со ова дејствување, тие извршиле дело “затајување на данок“.

Со ова стана јасно пред целата јавност дека Шекеринска одлично заработува и во периодот кој самата го нарекува диктатура и недемократски режим.

Потсетуваме, во 2008-ма година таа на чело на СДСМ го доживеа најголемиот пораз во историјата на партијата, што беше само уште еден во низата докази за тоа што народот мисли за неа.

Во нејзините дискусии, Шекеринска е полна со навреди. Во дведецениската политичка кариера, оваа политичарка не остави ниту едно позитивно дело кое ќе се памети.

Таа е показател за состојбите во раководството на СДСМ, има многу афери, матни зделки, неинвентивност, лажни и неисполнети ветувања.

Јавноста ги помни сите овие скандали, па сосема е јасно дека Шекеринска кај народот нема никаква доверба. Таа е политичар без кредибилитет и дел од сите штетни политики на СДСМ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.