Шекеринска најави влошување на состојбата уште пред два месеци , ветеран на ОНА најави војна

Во скандалозниот документарец на Алџезира објавен неодамна СДСМ и СОРОС започнаа со креирање на страшна слика и меѓуетнички тензии во Македонија.

Главна “ѕвезда“ на арапската телевизија која пропагира радикален Исламизам беше заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска. Освен неа, жесток удар кон земјава зададоа и луѓето кои земаат плата од СОРОС за да работат против интересите на Македонија, пишува „Курир“.

aldzezirasekerinska

Во скандалозниот документарец кој го разгневи секој Македонец, Шекеринска најави дека работите ќе се влошуваат.

-Стигнавме до криза, а ситуацијата најверојатно ќе се влошува пред да се поправи, рече Шекеринска.

onaveteranii

Веднаш по неа еден од ветераните на ОНА пред картата на Голема Албанија најави дека Албанците се спремни за војна.

-Сметаме дека Македонија е вештачка држава. Сонот на Албанците е да живеат на овие територии, каде живееле и каде уште живеат…Ако дојде до вооружена пресметка во Македонија. Ветераните ќе се борат за нашите браќа во Македонија. Не само ние туку и Албанците од Косово, рече ветеранот на ОНА.

Вчерашните случувања ја потресоа Македонија. Во вооружена пресметка со терористи загинаа македонски припадници на безбедносните сили.

Скандалозниот документарец на Ал Џезира се чини најави вакво сценарио, а Шекеринска ја предвиде ваквата ескалација.