Македонија

Шекеринска од кафуле давала наредби за напад врз полицијата и демолирање на Владата

Шекеринска од кафуле давала наредби за напад врз полицијата и демолирање на Владата

Заменик претседателот на СДСМ Радмила Шекеринска од кафуле кое се наоѓалo во непосредна близина на Владата координирала со насилните протести на партиски активисти на СДСМ кои се случија вечерва, тврдат очевидци.

Очевидци тврдат дека на лице место ја забележале Шекеринска како од кафуле близу една крстосница до Владата ја координирала толпата на партиски членови преку партиски активисти, меѓу кои дел и навивачи присутни пред Владата. Шекеринска, според очевидците давала наредба и одобрувала туркање и напад врз полицијата, како и демолирање на владината зграда.

Партиските активисти вечерва обидоа со сите сили да изнудат судир и инцидент со полицијата. Брутално беа напаѓани полицајците пред објектот на вадата со камења, шишиња, стапови, се кршеше и оштетуваше јавниот имот.

Ваквото однесување, во кое се препознаваат најмалку 30 партиски членови и активисти од стотината присутни пред владата, никако не може да се претстави како граѓански, туку партиско политички протест.