Шекеринска: Потребни ни се промени за нов почеток

Заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска денеска во Демир Хисар ги започна средбите со граѓаните.

„Семејниот буџет на граѓаните не може да ги издржи сите давачки кон државата што оваа власт ги наметна. Во нашата програма предвидуваме намалена радиодифузна такса и ослободување на корисниците на социјална помош од неа. Ќе ја вратиме ефтината тарифа на струјата. Ќе ги ослободиме сите земјоделци од персонален данок. Се што сработил земјоделецот може и мора да остане кај него. Целта е една и единствена, да ја кренеме државата на здрави нозе“, истакна Шекеринска.

Таа продолжи со средбите во Демир Хисар кадешто голем број граѓани и посакаа топло добредојде на плоштадот пред општината.