Шеќеринска и Заев во мисија на помирување во Струга!

Откако ВМРО-ДПМНЕ ги објави листите за пратеници во 5 изборна единица,и каде што јасно стои дека Струга добива три пратеници во добитна комбинација,паника во СДСМ Струга.

Иако СДСМ Струга доби само едно пратеничко место на листата за пратеници во петта изборна единица и тоа на дискутабилното 5 место,денеска во Струга доаѓа Заев и Шеќеринска во мисија на смирување на членството.СДСМ Струга биле буквално изненадени од ваквиот потег на владејачката партија,која дефинитивно ја става Струга на врвот на својата агенда, јав Стрѕга прес.

Со поставувањето на кандидат за пратеник од македонците муслимани од страна на ВМРО-ДПМНЕ,СДСМ Струга добива уште еден удар,ако се знае дека СДСМ не ни помислилe на својата листа во петта изборна единица да ги подржат македонците муслимани.

Заев и Шеќеринска денеска ќе мораат на некои “прашања” да им одговараат на Стружани иако пред 10 години беа главни протaгонисти за бојкот на референдумот за Струга  со девизата ”Некои прашања не заслужуваат одговор”.