Шеќеринска кога не е на скапи забави, глуми блиска со народот

Опозициската СДСМ, која упорно се служи со манипулации и лажни хистерии со цел да ја  деградира работата на моменталната Влада и беспомошно најавува некоја бомба со која треба да се отккрие некаков криминал, по што ВМРО-ДПМНЕ понизно би заминал од политичката сцена,  деновиве повторно е „меѓу народот“ пропагирајќи ја својата единствена цел – да седне на владејачкото столче. На трибната пред кумановци, Радмила Шеќеринска, по којзнае кој пат ги спомена тие фамозни документи, ама наводно, се’  уште не дошол моментот да се објавеле, односно имале стратешки пристап за тоа. Шеќеринска ги уверуваше кумановчани дека ќе покажеле како изборите биле украдени, институциите и медиумите злоупотребувани, како  и се’ она што сметале деле е свето во земјава.

Нејзината појава и глумење блискост со народот, секогаш предизвикува фрустрација, бидејќи од аспект на елитист и гламурозна дама, празни се сите нејзини обиди да зборува за сиромаштијата во земјава и за недомаќинските скапи проекти на Владата.

Секој нејзин настап во јавноста предизвукува бројни коменатри на социјалните мрежи. Токму за нејзиното лицемерие, што всушност е и нејзин „заштитен знак“, познатиот хирург, Зоран Ѓорѓиевски, пишува дека кога таа  не е на мисија да ја кодоши и омаловажува својата земја во странство, кога не присуствува на гала ексклузивни забави кај што се пие најскап шампањ, кога не е зафатена со броење на парите од кириите од становите кои сама на себе си ги плаќа, или уживање во свекрвините викендички, тогаш за да го пополни слободното време седнува во својот луксузен џип и оди на средба за да глуми блиска со народот и обично држи говори со веќе познати, милион пати слушнати празни демагогии.

„Таа е соучесник или директен учесник во најголемите проблеми на македонскиот народ, аминувач на транзицијата,одобрувач на намалувањето на пензиите и промотор на најголемата лага за вработување на по еден член од секое семејство. 20 години е во политика и јавноста не ја памти по ниту еден проект, освен по скапите штикли и монденската гардероба. Како дел од највисокио врв на СДСМ, Шекеринска имаше прилика да направи барем едно дело за народот, ама тоа не го направи. Затоа јавноста ја казни и не и дава доверба, народот го казни гледањето одозгора, скапите ташни и гардероба која ја носи, ароганцијата, отсутноста, потценувањата кои им ги направи. Затоа Шекеринска не само кај народот, туку веќе нема поддршка и во својата партија“, напиша на својот фејсбук профил, Ѓорѓиевски.

ova