Политика

Шеќеринска: Смешно е да се напаѓаат оние кои законски го пријавите својот имот и приходи

Шеќеринска: Смешно е да се напаѓаат оние кои законски го пријавите својот имот и приходи

Смешно е владејачката партија чии функционери ги кријат своите станови во анкетните листови да ги напаѓа оние што уредно, целосно и сосема законски го пријавиле и својот имот и своите приходи, вели пратеничката и потпретседател на СДСМ, Радмила Шеќеринска одговарајќи на обвинувањата кон неа за прихофот од над 5.000 евра за кирија од стан.

„Добро било владата да не информира каква е пазарната логика за трошење 25 милиони евра годишно, како што известува ОБСЕ/ОДИХР, односно 68.000 евра дневно народни пари за себерекламирање во омилените телевизии и медиуми.

Добро било владата да не информира каква е пазарната логика давање тендер од 1 милион евра, или 170.000 денари дневно за медицинска опрема на фирма со ниту еден вработен, ама која припаѓа на омилената уредничка на премиерот и министерот за здравство“, вели Шеќеринска.

Таа бара одговори и за пријавената отпремина на вицепремиерот Владимир Пешевски од 260.000 денари.