Македонија

Шеќеринска уште молчи за мега скандалот „затајување данок“

Шеќеринска уште молчи за мега скандалот „затајување данок“

Трет ден молк од Радмила Шеќеринска за мега скандалот со затајување данок. По наводите кои отвораат сомнеж за сериозен криминал тежок над 330.000 евра, на Бихаќка владее молк, пишува „Прес 24“
Овој портал веќе објави дека сопругот на заменик претседателката на СДСМ во периодот од 2009 до 2013 година самиот на себе си изнајмувал 4 станови сопственост на неговото семјство за суми кои се неколкупати повисоки од реалните на домашниот пазар на недвижности.
Сопругота Шеќеринска, Божидар Јанковски за станот на улицата Хаванска во Скопје, месечно од фирмата Дајнерс, каде има функција на управител на личната сметка си префрлал по 5300 евра. Само за овој стан, во периодот од 4 години, сопругот на Шеќеринска успеал да извлече од фирмата Дајнерс неверојатни 203 илјади евра.


Уште над 100.000 евра за 5 години Бобо Дајнерс извлекол и  за станот на неговата мајка на булеварот Партизански одреди за кој месечно си плаќал по неверојатни 2.500 евра.


Press24 вчера објави дека и покрај тоа што компанијата Дајнерс годишно за становите на семејството Шеќеринска-Јанковски плаќала по повеќе од 100.000 евра, овој станбен простор воопшто не го користела.

За споредба, со сумата од 5.300 евра, колку што е плаќало за изнајмување на имотот на улицата Хаванска, би можело да се изнајмат неколку ултра луксузни куќи во Скопје и неговата околина.

Тоа според познавачите на состојбите е доказ дека огромните суми кои се исплаќале за кирии, всушност биле начин како средствата да се извадат од сметката на фирмата а при тоа да не се плати данок.
Доколку ги вадите парите како трошоци за кирија, за нив плаќате персонален данок од нешто над 7%, што е над 50% повеќе од стандардниот персонален данок на доход кој изнесува 11,11%.
Но тоа е само еден дел од изигрувањето на даночната регулатива, велат експертите. Според нив, парите кои фирмата Дајнерс ги плаќа за кирии, се одбиваат од нејзината вкупна добивка што значи дека на крајот од годината, фирмата прикажува помал профит а тоа значи дека плаќа и помала сума на државата на основ на данок на добивка.
Според пресметките кои ги направи „Прес 24“ во периодот од 2009 до 2013 година сопругот на Шеќеринска затаил 2,8 милиони денари за данок на добивка и над 1,5 милиони денари за персонален данок на доход со што ги оштетил граѓаните на Македонија за сума од околу 4,5 милиони денари.
Добро упатени извори за „Прес 24“ велат дека за ваков случај надлежното Јавно обвинителство треба веднаш да покрене кривичен предмет за кривичното дело даночно затајување според членот 279 од Кривичниот законик.