Спорт

Шервуд разочаран од челниците на Тотенхем

Шервуд разочаран од челниците на Тотенхем

Актуелниот менаџер на Тотенхем, Тим Шервуд, откри дека е многу разочаран од клупските челници кои во ниту една ситуација не покажале некаков респект кон него, а и не ги респектираат резултатите кои ги има постигнато откако го заменил португалскиот стручњак Андре Вилјаш Боаш.

„Работам како менаџер, соработувам со моите фудбалери, но јас немам никаква гаранција, никаква информација кога е во прашање мојата иднина на “Вајт Харт Леин”. Се што можам да кажам е дека некој тука не покажува доволен респект, некој не ја респектира мојата работа и резултатите кои се подтигнати откако ја превземав менаџерската функција. Јас со право сум разочаран, но и понатаму сум вистински професионалец”, изјави Шервуд.

Англиските медиуми се убедени дека Шервуд на крајот од актуелната сезона ќе добие отказ, а во менаџерската фотеља ќе седне актуелниот тренер на Ајакс, Франк де Бур.