Спорт

Шервуд убеден дека фудбалерите на Сити се од друга планета

Шервуд убеден дека фудбалерите на Сити се од друга планета

Убедливиот пораз од 5:1 е доволна причина за менаџерот на Тотенхем, Тим Шервуд, да верува дека фудбалерите на Манчестер Сити се од друга планета.

Предводникот на популарните “петли” е убеден и дека Сити ќе биде новиот шампион на Англија.

“Овој тим на Манчестер Сити е најдобриот тим кој игра во англиската Премиер лига. Јас сум убеден дека фудбалерите на Сити се од некоја друга планета и истите не можат да се споредат со останатите фудбалери кои играат во Англија. Без никаква дилема можам да кажам дека Сити ќе ја освои шампионската титула. Станува збор за тим кој не се задоволува со еден гол, со минимална предност, ова е тим кој постојано напаѓа. Мора да ви допаѓа овој тим на Сити. Приметив дека уживаат во фудбалската игра, дека се забавуваат од првата до последната минута”, изјави менаџерот на Тотенхем.