Шешељ е опериран во Холандија

Лидерот на српската партија на Радикалите, Воислав Шешељ, е опериран во Холандија, изјавил за „Танјуг“, потпретседателот на партијата, Милорад Мирчиќ.

Тој рекол дека на Шешељ му бил опериран тумор на дебелото црево. Тој додал дека, според информациите со кои располага, операцијата била успешна, а лидерот на радикалите поради постоперативниот процес, се наоѓа во болница.

Во посета на Шешељ отпатувале сопругата Јадранка и синот Александар.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.