Шешељ итно опериран: Покрај се што преживеав ова не е ништо

Лидерот на српските радикали Војислав Шешељ вчера беше итно опериран, поради што не се појави на конференцијата за новинари на Српската радикална партија. Хируршкиот зафат бил направен поради три промени на неговото лице, со цел да се направи хистопатолошка анализа.

Шешељ во разговор за српски „Курир“ вели дека е добро и дека бил опериран од докторот Мирослав Вукадиновиќ, специјалист по максилофацијална хирургија на Стоматолошкиот факултет.

– За десетина дена ќе го добијам хистопатолошкиот наод и ќе знам точно за што станува збор. Се надевам дека се ќе биде во ред, што не преживеав, па и ова ќе го преживеам. Ова е „мачкина кашлица“ во однос на моите два други здравствени проблеми и метастазите на црниот дроб. Операцијата траела околу еден час, брзо се разбудив од анестезијата и се чувствувам добро. Немаше поголеми проблеми. Нема да изнесувам повеќе детали за тоа – вели лидерот на радикалите, додавајќи дека тој веќе е пуштен на домашно лекување. Како што додава тој мислеи дека тие промени се поврзани со воспалението што го имал пред  неколку години, но се ќе се знае по добивањето на резултатите од анализите.