Шешељ на Видовден во Белград?

Лидерот на радикалите, Воислав Шешељ најверојатно ќе биде пуштен на слобода на Видовден, односно на 28 јуни.

Хашкиот трибунал би требало да донесе пресуда за пуштање на слобода на Воислав Шешељ до донесување на пресудата, но се уште се разгледува под кои услови би можело да дојде до тоа.

Шешељ претходно го известил Судот дека нема да прифати ниту еден услов кој Трибуналот му го поставил, освен условот да не ја напушти Србија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.