Шешељ наскоро ќе биде опериран

Одлуката за понатамошното лекување на Војислав Шешељ, кој од Хашкиот трибунал беше отпуштен поради рак на дебелото црево и метастази на панкреасот, се очекува во текот на наредните денови. Ова го посочил за српските медиуми др. Милорад Бојиќ.

– Шешељ е сериозно болен, а приказните дека е здрав и дека не му е ништо се глупости што нема да ги коментирам, без разлика на тоа од кого доаѓаат, изјавил Бојиќ, кој е координатор на петчлениот лекарски тим што го посети Шешељ во Хаг.

Бојиќ додава дека се направени комплетни лабараториски анализи, копмлетни снимања, колоноскопски анализи и скенирања, а се очекуваат уште некои резултати од биопсијата.

– Лекарскиот конзилиум ќе одреди дали веднаш ќе се прави операција на панкреасот со хемотерапија или овие две методи на лекување ќе се комбинираат, изјавил Бојиќ.

Тој додава дека тројно се зголемени вредностите на тумор маркерите. Според него, да беше сеуште во Хаг, лидерот на српските радикали би имал нов карцином на дебелото црево кој би метастазирал.