Шешељ нема да пристигне во Србија пред вторник

Претседателот на Српскиот национален совет за соработка со Хашкиот трибунал Расим Лјајиќ изјавил дека пред вторник не се очекува лидерот на српските радикали Војислав Шешељ да пристигне во Белград.

Лјајиќ во изјава за РТС вели дека процедурата за неговото ослободување ќе трае уште неколку дена.

Трибуналот, како што е најавено ќе го потврди заминувањето на Шешељ од притворските единици дури кога тој ќе ја напушти Холандија, но од безбедносни причини припремите нема да бидат обелоденети.

Инаку, како што објави српски „Блиц“ синоќа околу 23.00 часот симпатизерите на српските радикали се собрале на аеродромот „Никола Тесла“ за да го дочекаат лидерот, но откако тој не пристигнал со аеродромот од Амстердам, толпата се разминала.