Шешељ несака во болница и покрај тоа што здравствената состојба му е влошена

Здравствената состојба на лидерот на српските радикали Војислав Шешељ и натаму е лоша, но тој одбива да оди во болница, пишува српски „Курир“.

Според изјавите на неговите соработници, тој во партијата нема да доаѓа до понеделник, а ги откажал сите ТВ гостувања.

Заменик претседателот на СРС Неманја Шаровиќ изјавил дека Шешељ во текот на ноќта помеѓу средата и четвртокот имал здравствени проблеми.

– Тој имаше висока температура, беше доста исцрпен и звучеше доста лошо. Целата ноќ покрај него биле лекарите од тимот на доктор Милан Бојовиќ. Тој одбил да оди на лекување во болница иако Бојиќ тоа го барал. До понеделник нема да доаѓа во партијата, ниту ќе гостува на телевизиите. Каква ќе биде состојбата останува да се види, изјавил Шаровиќ.