Шешељ продолжува со провокации: Сакате и денес да запалам хрватско знаме?

Пред високиот суд во Белград почна постапката за рехабилитација на генералот Драгољуб Дража Михајловиќ, на која дојде и лидерот на српските радикали Војислав Шешељ за да, како што тој им рече на новинарите, го поддржи ставот дека славниот српски командант треба и официјално да го добие местото во историјата што го заслужува, пренесува српски „Курир“.

На прашањето дали ќе реагира на изјавите на државниот врв од Хрватска и од Србија, тој изјави дека пред тоа веќе реагирал, со палење на хрватското знаме.

-Сакате и денес да запалам едно, гледајте колку многу полиција има, ќе мора да бегам, рекол низ смеа Шешељ.

Тој изјавил дека дошол да ја поддржи рехабилитацијата на Михајловиќ и соопштил дека ништо ново не добил од Хаг.