Шешељ утринава итно опериран

Претседателот на Српската радикална партија, Воислав Шешељ утринава беше итно опериран, соопшти за Танјуг неговиот заменик и партиски колега Немања Шаровиќ.

Шаровиќ не кажа ништо повеќе за операцијата, но додаде дека во следните неколку дена медицинскиот конзилиум или лично Шешељ ќе ги соопштат деталите за неговата здравствена состојба.

Во ноември минатата година Шешељ привремено беше ослободен од
затворот на Хашкиот трибунал, за првпат по 12 години, поради неговата  влошена здравствена состојба.

Шешељ боледува од рак на дебелото црево, а еднаш веќе беше опериран во болницата во Хаг.

Откако пристигна во Србија, тој продолжи да се занимава со политика.