Балкан

Шешељ: Власта ќе ја срушиме со демонстрации

Шешељ: Власта ќе ја срушиме со демонстрации

Лидерот на Српската радикална партија (СРС), Војислав Шешељ, кој неодамна беше пуштен на лекување од Хашкиот трибунал, вели дека радикалите нема власта да ја рушат со насилство, туку со демонстрации.

– Ние сакаме вон парламентарни методи, демонстрации и митнзи, рече Шешељ.

Тој додаде дека „можеби нема да има потреба“ за уривање на власта, бидејќи е можно таа да се „сруши сама“, затоа што, според него, има криза во самата Влада. Шешељ потсети и дека српскиот премиер Александар Вучиќ, самиот најави дека во јануари ќе менува некои министри.