Балкан

Шешељ: Вучиќ ќе пушти некоја крокодилска солза, ама ќе ме врати во Хаг

Шешељ: Вучиќ ќе пушти некоја крокодилска солза, ама ќе ме врати во Хаг

Лидерот на Српските радикали вели дека се радува што против него е покрената кривична постапка поради палењето на хрватското знаме пред Палатата на правдата.

– Ме израдува веста дека Обвинителството покренало кривична постапка. Тоа е уште еден знак дека александар Вучиќ ја изгуби главата, дека не знае што прави. Сето тоа ќе му се одбие од глава, изјави Шешељ за новинарите.

Изјави дека е среќен затоа што, како што вели, го „запалил усташкото хрватско знаме“ и одвај чекал да почне таа постапка.

По ова, Шешељ повтори дека во Хаг нема да се врати доброволно и потсети дека таму по своја волја заминал пред 12 години, но оти сега не сака да го направи тоа.

-Вучиќ можеби ќе пушти некоја крокодилска солза, малку ќе прави гримаси… ама на крајот ќе мора да ги исполни налозите и тоа се ќе му се одбие од глава, додаде Шешељ.

Високото јавно обвинителство во Белград покрена кривична постапка против лидерот на СРС Војислав Шешељ, поради палењето на хрватското знаме.

Во соопштението од Обвинителството се наведува дека постапката е покрената и против други лица, но не се наведува против кого.

фото: Tanjug