Балкан

Шешељ: Здравјето ми е лошо, но не се давам!

Шешељ: Здравјето ми е лошо, но не се давам!

Влошена здравствената состојба на претседателот на Српската радикална партија, Воислав Шешељ. Лидерот на радикалите ги откажал и веќе закажаните телевизиски гостувања.

– Лошо ми е, но се надевам дека ќе ми биде подобро. Не одам во сојузот, и веќе три телевизиски настапи откажав. Не можам прецизно да кажам што ми е бидејќи лекарите ми рекоа да не кажувам во јавност, рекол Шешељ.

За здравствената состојба на Шешељ не сака да зборваат ни неговите соработници.