Во денешниот утрински израелски воздушен напад врз џамија во северниот дел на Појасот Газа повредени се најмалку петнаесет Палестинци, кои во обидот да се избегаат од судирите се сокриле во едно училиште на ОН, јави службата за итна медицинска помош од оваа област.
Станува збор за едно од училиштата на ОН во бегалскиот камп Џабалија, што го држи Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци (УНРВА).
Во истиот камп Џабалија вчера во израелски артилериски напад врз друго училиште на ОН погинаа најмалку 16 Палестинци, меѓу кои и неколку деца.
ОН имаат 83 училишта во оваа област, кои цивилите сега ги користат за да се заштитат од судирите.
ОН и САД вчера го осудија гаѓањето на училиштата во кои загинаа палестински цивили.
ОН го обвинија Израел за „сериозно прекршување на меѓународното право“.
Израелската армија вчера соопшти дека со граната одговорила на минофрлачкиот напад, изведен од околината на училиште.
Повеќе од 100 Палестинци во средата беа убиени во Појасот Газа, вклучувајќи ги и жртвите на израелскиот оган врз преполниот пазар и училиште на ОН.