Шест години од независноста на Косово

Денеска се навршуваат шест години од прогласувањето на независност од страна на Косово, пренесе „Радио Слободна Европа“.

Според податоците на косовското МНР досега 106 земји ја признале косовската независност. Од Кабинетот на косовскиот претседател Атифете Јахјага, изјавиле дека голем број државници испратиле честитки до нивната адреса, по повод денот на независноста, меѓу кои американскиот претседател Барак Обама, британската кралица Елизабета и германскиот претседател Јоаким Гаук.