Крими хроника

Шест лица повредени во две сообраќајки во Тетово

Шест лица повредени во две сообраќајки во Тетово
Шест лица се повредени, од кои две се задржани во болница во две сообраќајни несреќи што доцна синоќа се случиле во Тетово и околината. Причинета е материјална штета од 190 илјади денари.

Во првата несреќа што се случила половина час по полноќ повредени се четири лица. Причина за сообраќајката била преголемата брзина со која се движело возилото „Голф“, управувано од 28-годишен возач од Тетово. Тој излетал од коловозот и удрил во бетонски столб покрај патот. Тој и неговите тројца сопатници се пренесени во клиничката болница во Тетово, каде еден од нив е задржан.

Втората сообраќајка се случила околу 3 часот и 30 минути по полноќ во Тетово, кога 23-годишниот возач загубил контрола над возилото Фијат Пунто и удрил во бетонски ѕид од куќа. Тој е полесни повреди додека неговата 22 годишна сопатничка е со скршеница на десната надлактица и други повреди. Таа е пренесена од тетовската болница, на скопските клиники.