Шест лица повредени во сообраќајка на влезот на Доброште

Шест лица се повредени во сообраќајката што вчеравечер се случила на влезот на село Доброште на регионалниот пат Тетово-Јажинце, информираше портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.

Во сообраќајната несреќа учествувале патничко возило „голф“ со тетовски таблици управувано од Б.М.( 43 ) од Мала Речица и „застава 101“ исто така со тетовски таблици што ја управувал С.А.( 31 ) од Одри.

– Во несреќата возачот на „заставата“ и пет сопатници од двете возила се задобиле со телесни повреди по што биле пренесени во Тетовската клиничка болница, а тројца од нив биле задржани за натамошна обсервација, рече Јосифовски.

Извршен е увид и се утврдуваат причините за несреќата.