Шест лица повредени во сообраќајка во Автокоманда

При сообраќајна несреќа што попладнево се случи во населбата Автокоманда, повредени се шест лица. Во сообраќајката учествувале два автомобили со тетовски и странски регистерски таблици, и  меѓуградски автобус со словенечки таблици.

Полицијата соопшти дека сообраќајната несреќа се случила во 16.15 часот на булеварот Александар Македонски.

Повредените се префрлени во Ургентниот центар во Скопје.

Полициски екипи вршат увид на местото на несреќата.

avtokomanda01 avtokomanda-2-600 avtokomanda3