Шест лица загинаа во лавини во Швајцарија

Шест лица загинаа во лавини во Швајцарија, пренесе МИА, повикувајќи се на ДПА.

Девет скијачи биле затрупани од лавина на височина од 2.200 метри крај врвот Вилан во Алипте, во близина на границата со Австрија. Тројца од нив биле пронајдени мртви, а други четворица спасувачите ги извадиле од под снегот со тешки повреди, по што еден од нив подоцна починал.

Полицијата не го открива  идентитетот на жртвите.

Во други два случаи на лавини, во зимските одморалишта Мурен и Аделбоден, загинале уште две лица.

Експертите информираат за „значителен ризик“ од лавини во  поголемиот дел од Швајцарија и Австрија и прогласија трет степен на опасност во петстепената скала.