Балкан

Шест мафијаши уапсени, а еден специјалец ранет во Лазарaт

Шест мафијаши уапсени, а еден специјалец ранет во Лазарaт

Шест мафијаши се уапсени, а еден специјалец е ранет во судирите меѓу полицијата и одгледувачите на канабис во нарко селото Лазарет.

Вкупно 800 полицајци од Тирана, Ѓирокастро, Фјер, и Скадар, како и припадници на РЕНЕА, Делта одредот и специјалци напредуваат од куќа до куќа и ја преземаат контролата врз ситуацијата, а пукотниците не престануваат ниту денеска.

Во соопштението на албанската полиција се вели дека специјалните сили се дочекани со напади од тешко оружје, противтенковски ракети, митралези и минофрлачи.

Министерот за внатрешни работи на Албанија, Саимир Тахири изјави дека полицијата и објавила војна на мафијата и криминалот и оти кога е во прашање Лазарат, нема откажување. Тој бараше од населението на ова село да се дистанцира од криминалците, а од напаѓачите да го отфрлат оружјето и да се предадат.

Албанското село Лазарат го носи епитетот „фабрика за марихуана“ со годишно производство од околу 900 тони канабис и годишен извоз на дрогата со пазарна вредност од 4,5 милијарди евра, што е половина од Бруто домашниот производ на оваа балканска земја.