Шест месеци затвор за Ален Зекиров

По речиси шест години судски процес,  Ален Зекиров, поранешниот телохранител на директорот на УБК, Сашо Мијалков, денеска доби шесст месеци казна затвор, за сообраќајната несреќа во која загина 73-годишниот Симо Серафимовски.

Зекиров треба да плати и судски трошоци во вредност од околу 100.000 денари,  а во рок од 15 дена Зекиров има право да се жали на првостепената пресуда.

За утврдување на тоа дали починатиот Серафимовски го туркал велосипедот или го возел кога го минувал пешачкиот премин, беа изготвени три вештачења, кои покажуваа различни наводи.

Првото вештачење покажа дека Зекиров се движел по левата коловозна лента со 65 километри на час, што е во границата на толеранцијата, а сега починатиот Серафимовски поминувал на пешачкиот премин возејќи го велисипедот и бил отфрлен 22 метри од местото на несреќата. По реакција на  адвокатот на семејството на Серафимовски, ангажиран е приватен вешта кој покажал дека Серафимовски пешачкиот премин го туркајќи го велосипедот, а не возејќи.

Поради двете спротиставени вештачења, беше изготвено и трето вештачење по барање на судот, а резултатите покажаа дека сепак починатиот го минал пешачкиот премин туркајќи го велосипедот.