Шест можни сценарија за падот на „Ербас А320″

Црната кутија на авионот „Ербас А320″ на германската авиокомпанија “Џерман вингс” е прилично оштетена, но поради нејзината исклучителна отпорност која може да издржи и експлозија на бомба, истражувачите се надеваат дека ќе можат да слушнат што е снимено за време на летот.

Промена на притисокот може да предизвика губење на свест кај пилотите

Се уште клучно прашање е зошто пилотите не побарале помош доколку падот на авионот траел цели 18 минути, пренесува BBC.

Доколку тие не се огласиле, истражувачите може да заклучат дека пилотите се онесвестиле, што во превод би значело дека во авионот, односно во пилотската кабина дошло до драстична промена на притисокот.

– Ваквата ситуација не е фатална во сите сценарија, особено доколку пилотите успеат на време да ја стават маската за кислород. Но доколку тие биле без свест тогаш се објаснува фактот зошто не побарале помош или пак во најмала рака не се обиделе да го приземјат авионот на најблиската писта, вели британскиот истражувач Ричард Весток.

Директорот на француската Агенција за безбедност во сообраќајот (BEA), Реми Жут, вчера изјави дека моментално не постои никакво објаснување за причината за несреќата, т.е дека се уште не се знае зошто авионот ја изгубил висината и се срушил во јужниот дел на Франција.

Тој и додал дека истрагата може да трае со недели па дури и месеци, пренесува AP.

-Авионот летал до самиот крај. Тој не се срушил во небото, изјавил Реми.

Еден од пилотите не бил во кабината во моментот на несреќата

Снимката од разговорот во пилотската кабина покажува дека еден од пилотите ја напуштил кабината и не се вратил во моментот на несреќата во која загинаа 150 патници и членови на екипажот, пренесува “Њујорк Тајмс”.

Врз основа на снимката од разговорот не може да се заклучи зошто пилотот ја напуштил кабината односно зошто не можел повторно да влезе во пилотската кабина додека авионот се движел кон француските Алпи.

Истражувачите се уште ја проучуваат снимката од едната црна кутија, додека пак потрагата по втората црна кутија се уште трае.

-Пилотот кој бил надвор од кабината тропал на врата но никој не ми одговорил, ниту пак отворил. Во еден момент се слуша како тој се обидува да ја скрши вратата, пишува “Њујорк Тајмс”.

Потпаролот на “Џерман вингс” пак вели дека е запознаен со ваквата приказна, но дека се уште не добил официјална потврда за овој извештај како и дека бара дополнителни информации.

Шест можни сценарија – Зошто умреа 150 патници?

Причината за трагедијата се уште не е позната и нема да биде се додека не се преслушаат снимките од пронајдената црна кутија. Но, познати експерти и без тие снимки, базирајќи се на досегашните информации изнеле неколку теории за падот на авионот.

1. Постепен пад на притисокот во кабината

Со ваква теорија неколку експерти се обидоа да ја одгатнат и мистеријата околу исчезнатиот малезиски авион MH370. Поединечни експрти тврдат дека пилотите паднале во несвест и тоа поради нискиот притисок во кабината, по што авионот паднал откако останал без гориво…

Секако, во овој случај не е возможно авионот да останел без гориво, но дека пилотите заспале е можно сценарио.

2. Ненадеен пад на притисокот во кабината

Авионот за 18 минути се спуштил од 10000 надморска висина на висина од 1800 метри. Најчесто, ваквата нагла промена на висината доаѓа до ненадеен пад на притисокот па пилотите мораат да стават маска за кислород се со цел да останат свесни. Но, дали успеале тоа да го направат?

3. Тероризам

Експертите веднаш ја истакнаа можноста дека во авионот експлодирала бомба. Но, доколку ова е вистинското сценарио тогаш остаците од авионот ќе бидат распрскани на широка област. Но според досегашната потрага проценето е дека деловите од авионот се пронајдени во близина на ударот.

Сепак, дел од експертите не го забораваат фактот дека пилотите во ниту еден момент не пратиле СОС сигнал ниту пак јавиле дека имаат проблем. Па токму поради тоа, не треба да се исклучи можноста – тероризам.

4. Механички дефект

“Lufhansa” веднаш објавила дека авионот имал технички проблем со вратите кои ги затвораат предните тркала. Проблемот е врзан со механизмот кои ги отвора и затвора вратите во моментот кога се уклучува уредот за слетување. Авионот во понеделникот останал приземјен во Дизелдорф се со цел да се отстрани дефектот.

И покрај можноста за ваквото сценарио, сепак треба да се истакне дека мала е веројатноста да станува збор за компјутерска грешка или пак механичка.

5. Грешка на пилотите

Единствено црната кутија може да открие што точно се случило односно дали пилотите се виновни.

6. Италијанската војска е виновна за инцидентот

Некои извори тврдат дека италијанскиот борбен авион вклучил аларм и тоа точно во 10:35 минути и тоа во близина на местото на несреќата. Јавноста за многу кратко време ќе знае дали ваквиот аларм го предизвикал падот на авионот.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.