Шест недели затвор за истакнување на симболи ИД во Австрија

Предлог-законот за забрана на употреба на симболи на терористички организации, како Исламска држава и Ал каеда во јавноста, е предаден на разгледување во австрискиот Парламент.

Секој кој не го почитува законот и носи симболи на ИД на јавно место му се заканува казна до шест недели затвор, се нагласува во предлогот.

Законот не е насочен против верските обележја.

Симболите како што се знамиња, ознаки или амблеми на ИД, т.е. на Ал каеда, како и групации блиски на тие терористички групи во иднина ќе бидат забранети во Австрија, порачуваат претставници, додавајќи дека е забрането и користење на Интернет.

Предлог-законот, за непочитување, предвидува казна во висина од 4.000 евра, односно до еден месец затвор.

Оние кои повторно нема да го испочитуваат законот, ќе бидат казнети со 10.000 евра, односно до шест недели притвор