Шест сообраќајки во Скопје, пајакот дигнал 71 возило

Сообраќајната полиција во текот на вчерашниот ден на подрачјето на град Скопје извршила увид на вкупно шест сообраќајни незгоди.

Од нив, две се со последица материјална штета и четири се со последица телесни повреди во кои со полесни повреди се здобиле четворица возачи на патничко моторно возило и двајца сопатници.

Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се девет возачи кои поминале на црвено светло на семафор, осум возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол, четири возачи кои не ги почитувале правилата за првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, 21 возач кои не го користеле безбедносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на управување на возилото, како и 10 возачи кои непрописно се престроиле пред крстосница.

Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на изминатиот ден од страна на сообраќајната полиција отстранети се 71 возило кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Денеска Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје ќе одржи едукативни работилници во ОУ „Браќа Рамиз и Хамит“ кое се наоѓа на територијата на општина Шуто Оризари.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.