Шест сообраќајки за 24 часа

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно шест сообраќајни незгоди.

Од нив, една е со последица материјална штета и четири се со последица телесни повреди, а со полесни повреди се здобиле четворица возачи на патничко моторно возило и еден пешак.

Се случила и една незгода со последица тешка телесна повреда во која со тешки телесни повреди се здобил еден сопатник, а еден возач на патничко моторно возило и еден сопатник се здобиле со телесни повреди.

Денеска Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје ќе одржи едукативни работилници во ОУ „Васил Главинов“ кое се наоѓа на територијата на општина Чаир со учениците од второ и четврто одделение.