Шест жртви од пукање во Бразил

Полицијата во Рио де Женерио соопшти дека најмалку шест лица се убиени во оружен судир меѓу бразилската полиција и осомничени членови на банди кои што тргуваат со дрога.

Полицијата спроведува операција во неколку сиромашни населби во потрага по лицата кои се одговорни за убиството на еден полицаец во текот на викендот.

Бразилските власти се обидуваат да воведат ред пред Светското фудбалско првенство оваа година и Олимписките игри во 2016-та година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.