Шест знаци дека сака секс што поскоро

Излеговте неколку пати и целосно сте полуделе за атрактивна девојка со која се гледате. Но, дали е таа подготвена за следниот чекор-водење на љубов? Проверете ги сигналите и дознајте дали и таа ве посакува колку и вие неа.

„Се чувствувам пријатно во твое друштво“

Секс експертите откриваат дека овие шест зборови претставуваат сигнал дека девојката почнува да размислува за секс. Пред да запловат во љубовна акција, жените мораат да се почувствуваат сигурно и да ви веруваат. Доколку таа ги изговори овие зборови на крајот од вашиот состанок, следниот продолжете го со пијалок кај вас или неа, па кажете и дека и вие се чувствувате убаво и пријатно во нејзино друштво. Ова сигурно ќе ја прекина конверзацијата меѓу вас и може ќе добиете отворена покана за во спалната соба.

devojka-u-seksi-vesu-1412074611-48950

Иницира да преноќите

Една сингл девојка од Чикаго која има 28 години отворено вели: „Ако не те сакам кај мене дома, нема ни да бидеш тука. Доколку излегуваме вече некое време и чувствувам дека можеби треба да прејдеме на следното ниво и да имаме секс, ќе го повикам кај мене дома“. Немојте да бидете премногу претенциозни доколку вас ве повика кај себе и чекајте таа да го направи следниот чекор, запаметете дека поголемиот дел од девојките сакаат првиот сексуален однос со новиот дечко да се случи во нивниот кревет бидејќи таму се чувствува поопуштено, а и ќе ја искористи приликата како ќе се однесувате на нејзин терен.

devojka-zavodi-u-vesu-1411931508-48804

Често ве допира

„На вечера или за време на прошетка, девојката која се заљубува во вас нема да може да ги тргне рацете од вашето тело“, велат сексолозите. Физичкиот контакт покажува дека и таа е заинтересирана за вас и дека можеби е подготвена за следниот чекор. Најдобро што можете да направите е да и возвратите на нејзиниот гест, да ја фатите за рака, да ја пољубите и да и кажете колку сте луди за неа.

seks-1379252168-14022

Ја интересира вашето сексуално минато

Кога девојка е подготвена за секс, најверојатно ќе почне да ве испитува колку сексуални партнери сте промениле во последно време. Не е препорачливо длабоко да навлезето во сексуалното минато еден на друг, но е добро да знаете одредени поединости од здравствени причини. Поголем дел од жените сакаат да дознаат дали сте направиле одредени тестови за полово преносливи болести, како и дали сакате заедно да одите на тестирање. Иако водењето на разговор од овој тип вам ви изгледа непријатно и досадно, ова е еден од скриените сигнали дека девојката сериозно почнала да мисли на вас, како и за потенцијалниот партнер. Доколку навистина сте заинтересирани за врска со оваа девојка, започнете ја сами оваа тема бидејќи на овој начин ќе и покажете дека вашите намери се сериозни, а таа ќе се чувствува многу попријатно и поспокојно по овој разговор.

seks-1383170170-18484

Безобразни разговори

Лаура, 26 годишна девојка од Њујорк открива дека кога е подготвена за секс, почнува да се впушта во безобразни преписки и разговори со дечкото. „Понекогаш на момчето со кое излегувам им праќам пораки дека не сум облекла пантолони денеска мислејќи на него, за да сфати дека сум подготвена за следниот чекор“, вели таа. Кога девојката ќе го направи следниот чекор и ве повика на „безобразно“ допишување, таа всушност ве тесира да види како ќе реагирате и дали ќе продолжите со играта.

seksi-devojka-lezi-na-krevetu-1412425400-49297

Најголем знак? Ентузијастично „ДА“!

Нема дилеми. Доколку ја прашате дали сака да имате сексуален односи и и кажете колку сте заљубени во неа и дека сакате врска со неа, а таа со голем ентузијазам ви одговори „ДА“, тогаш сте го добиле одговорот. Таа е подготвена!