Шестата сезона на „Игра на тронови“ ќе почне да се снима во Македонија!

Шестата сезона на „Игра на тронови“ ќе почне да се снима во Македонија!

Серијата „Игра на престоли“ само што заврши, но работата на шестата сезона на оваа драма – фантазија е веќе во тек, а Македонија ќе послужи како една од локациите на која ќе почне снимањето.

Серијата досега се има снимано на голем број локацииво Хрватска, Мароко, Северна Ирска и во Исланд, но сега дејствието ќе се префрли во Македонија.

Постојат планови да се снима во  Прилеп, Охрид и во централно-источниот регион на Криволак, каде што е сместена најголемата воена база во земјава и се користи за вежби на НАТО.

Охрид е опишан како голем град со многу стари села се наоѓа во планински и шумски предели.  Додека Прилеп и Охрид како најживописни области. Oфицијални лица од филмската индустрија веќе ги посетиле овие области.

Како една од  филмските локација ќе биде тврдината Маркови кули. Кулите биле користени во позадина за некои од сцените во петата сезона.

На англискиот портал „Експрес.ко“ се наведува дека околниот пејсаж на предвидените локации за снимање во Македонија е карпест и неплоден, а времето е во поголемиот дел од годината. Климата и животната средина во Охрид и Прилеп се совршени за заговор, според еден инсајдер.

Снимањето на шестата сезона треба да почне во март или април следната година.

За разлика од претходните сезони, романот за сезоната шест се’ уште не е завршен од авторот Џорџ Мартин  вели дека „води борба” со книгата во моментот. Писателот се надева дека романот ќе биде готов и објавен следната година.

Шестата сезона на „Игра на тронови“, се очекува да почне да се емитува  во 2016 година.