Шести кугларски куп на Македонија во „Мусандра“

Во кугланата „Мусандра”, во организација на Кугларската федерација на Македонија, в сабота во 10 часот ќе се одржи шестото издание од Кугларскиот Куп на Македонија.

Право на настап на Кугларскиот Куп на Македонија имаат сите екипи кои настапуваат во Македонската кугларска лига за 2015 година.

Куп натпреварувањето ќе се одржи по турнирски принцип, каде од секоја екипа ќе настапат по 6 натпреварувачи кои ќе фрлат по 120 кугли.

Победник на турнирот ќе биде екипата со најголем број на соборени дрва, додека доколку две или повеќе екипи постигнат ист вкупен резултат ќе се земе во предвид кој е подобар во чистење.

Првопласираните 3 (три) екипи на Кугларскиот Куп на Македонија ќе добијат пехари.

Победникот на овој Претседателски Куп ќе ја претставува Република Македонија на НБЦ купот кој оваа година ќе се одржи во Австрија. Доколку победникот на Кугларскиот Куп на Македонија е и првак на Македонската Кугларска Лига за 2014 /2015 (екипата на Макпетрол), истата може да одбере да игра на Светскиот Куп, при што второпласираната екипа се стекнува со право на настап во НБЦ купот.