Шестмина исчезнати во пожар во Германија

Шест гости се водат како исчезнати по катастрофалниот пожар во Баварија.

Според полицијата пожарот избувнал во текoт на ноќта во преноќиште во градот Шнејцлрут југоисточно од Минхен во близина на границата со Австрија.

За време на пожарот во преноќиштето вкупно престојувале 47 лица од кои 41 успеале да побегнат, а шест останале во внатрешноста на објектот. Седум лица се пренесени во болница со посериозни повреди.