ВИДЕО: Шестмина млади со автомобил слетале во Дунав: Тројца се удавени

Спасувачите ги извлекоа телата на двајца млади белграѓани по кои се трагаше во Дунав, а се во потрагата по шестиот патник од автомобил „бмв” кој рано утрово слета во реката кај Ада Хуја. Несреќата се случила утрово околу четири часот. Во возилото биле млади на возраст од 16 до 20 години.

Од вода се извадени возачот Душан Ј. (19) со хипотермија и знаци на агресија, Милица Ј (18) со хипотернија и Лика (20) со хипотермија и скршеница на левата надлактица, инаку син на новинарката Оља Бечковиќ. тој во моментот се наоѓа во Ургентниот центра во Белград и е вон животна опоасност, пренесуваат српските медиуми. Се очекува, штом ќе биде во состојба, да и’ објасни на полицијата како се случила несреќата.

Безживотните тела на Немања а. (18) и девојката А.С (16) се извлечени од нурчачи, а  телото на Милош Ј. (20), кое се наоѓале во багажникот на автомобилот, е последно извлечено со автомобилот.

До несреќата дошло кога возачот, враќајќи се од журка, со голема брзина изгубил контрола над возилото кај ада и слетал директно во реката.

Полицијата ги чека родителите да ги идентификуваат телата на загинатите.

Возачот е пренесен кај истражниот судија и му е одреден притвор во рок од 24 часа.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.