Шестмина повредени во сообраќајка кај Гостивар

Шест лица се повредени во сообраќајна несреќа што вечерва се случила на излезот од Гостивар.

Според првичните информации до полицијата, несреќата се случила пред околу еден час и во неа повредени се шест лица, од кои еден  е тешко повреден.

Детаљи за несреќата се очекуваат наскоро.