Шестмина работници повредени при експлозија во Србија

Шестмина работници на Нафтена индустрија Србија (НИС) – Нафтогас се повредени денеска при експлозија во Касидолу, во близина на Пожеравац, каде НИС врши сеизмички истражувања, објавува Б92.

Две лица од повредени се во потешка здравствена состојба, но надвор од животна опасност. До експлозијата дошло при изведување на геофизички работи при кои се користело експлозив.

Од српската полиција изјавиле дека до експлозијата дошло околу 12,30 часот од засега неутврдени причини.