Балкан

Шестмина уапсени во обемна полициска акција во Софија

Шестмина уапсени во обемна полициска акција во Софија

Шест лица се уапсени во обемна акција на бугарската полиција која беше спроведена претпладнево во Софија.

Според полициски извори, уапсените се осомничени за убиства, шверц на дрога, нанесување телесни повреди, насилно однесување, подметнување пожари и излегално поседување и користње на оружје и експлозивни материјали.

Со акцијата, во која учествуваат над двеста полицијци и обвинители, раководи Апелациското специјално обвинителство.