Свет

Шестмина убени во судирите меѓу исламистите и туниската полиција

Шестмина убени во судирите меѓу исламистите и туниската полиција

Туниските сили за безбедност денеска убија шест лица, од кои пет жени, во судири со исламистичка екстремистичка група во предградие на Тунис, два дена пред парламентарните избори, соопштија туниските власти, објави МИА.

Најмалку двајца екстремисти, жени и деца се затвориле во куќа во западниот дел на Тунис по вчерашните судири во кои беше убиен еден полицаец откако војската го опколи објектот, тврдат безбедносни претставници.

Еден исламист и пет жени се убиени денеска откако војската ја нападна куќата, а најмалку една од петте жени отворила оган врз безбедносните сили, изјави портпаролот на министерството за внатрешни работи Мухамед Али Аруи.

Во Тунис во недела се одржуваат важни парламентарни избори и владата предупреди дека терористите ќе се обидат да го нарушат нивното спроведување.