Шестмина загинати и 17 повредени во автобуска несреќа во Турција

Шест лица загинаa, а 17 се повредени во сообраќајна несреќа на автобус во близина на Аксарај во централна Турција, јави турскиот телевизиски канал НТВ.

Возачот загубил контрола над возилото, по што автобусот се превртел на патот. Повредените биле сместени во државната болница во Аксарај.

Во друга несреќа на автобус во регионот на Џанак, во округот Самсун во северна Турција, се повредени 29 лица.