Магазин

Шесто извлекување на Фискална во рака, награда без мака

Шесто извлекување на Фискална во рака, награда без мака

На 26ти мај – понеделник во салата Борис Трајковски, ќе се одржи големиот хуманитарен концерт под име „Да се обединиме во хуманоста”, за помош на погодените од поплавите, со пренос на МРТ од 19:00 часот.

Во ова шесто извлекување од наградната игра ќе се извлекува за 150 вредносни ваучери и главна награда автомобил Wolksvagen Polo. Неизвлечените коверти од ова извлекување како и ковертите од второ, трето, четврто и пето извлекување, кои се чуваат од страна на приредувачот Државна лотарија на Македонија, ќе учествуваат во 7мото извлекување кога покрај редовните награди ќе се извлекува за стан и деловен простор, а кое ќе се одржи на 30ти јуни.

До сега од наградната игра Фискална во рака, награда без мака чиј приредувач е Државна лотарија на Македонија под покровителство на Министерство за финансии, се доделија еден стан – на добитникот Трајко Кузмановски од Куманово, еден деловен простор на добитникот од Струга – Димитар Миладинов, пет автомобили на: Панде Мановски од с. Буково Битола, од прво извлекување; Перица Јанковска од Прилеп, од второ извлекување; Филиповска Весна од Штип, од трето извлекување; Розита Шијакоска од Прилеп од четврто извлекување и Милица Поповска од Неготино, од петото извлекување. Покрај главните награди за претходните пет извлекувања доделени се и 750 вредносни ваучери од 60.000 до 1000 денари на добитници ширум Македонија.

Во сите извлекувања до крајот на наградната игра, може да се учествува со коверти со по дваесет фискални сметки од најран датум 15ти ноември 2013та. Ковертите покрај испраќање по пошта може да се оставаат и на пунктови во наменски кутии од кои се три постојани во Скопје – пред продажното место Толлакс и МПМ Пресс кон плоштад Македонија и една во влезот на зградата на МРТ. Низ поголемите градови низ РМ пред секое извлекување се одвива караван со поставување пункт пред продажно место на Државна лотарија на Македонија, во поединечни денови. Независно дали ковертот се испраќа по пошта или се остава во наменска кутија, на ковертот мора да е напишана целосната адреса на примачот:
Државна лотарија на Македонија
Бул. Гоце Делчев, бр 8, поштенски фах 363
За награднат игра Фускална во рака – награда без мака

Караванот пред петото извлекување до сега ги посети: Тетово, Неготино, Битола, Прилеп, Куманово, Велес, Штип, Кочани, Струмица, Гевгелија и Кавадарци, денес е во Кичево во продажното место Детелинка, во четврток во Гостивар пред Јотон, петок во Охрид пред Прагма, а сабота во Струга пред продажносто место Кики Твинс.
Граѓаните на овој начин можат лесно да дојдат до вредни награди, но истовремено помагаат во изградба на патишта, училишта, болници и други капитални проекти во Македонија.