Шетајте ги кучињата со маски!

Општина Аеродром апелира до граѓаните да ги шетаат своите миленици со маска на устата и да носат кеси за собирање на изметот што тие зад себе го оставаат на јавните површини.

„Шетањето на милениците со маска и собирањето на нивниот измет е обврска на граѓаните што произлегува од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир и Законот за јавна чистота.Доколку не се почитуваат одредбите од овие два закони следуваат казни во износ од 100 до 400 евра во денарска противвредност,“ велат од Општината.

Општинските комунални служби во придружба на полицијата од 4-ти август, понеделник, ќе почнат со засилени патроли низ општината за да утврдат дали се почитува законот.

Командирот на ПСОН Аеродром, Орце Јовановски, пак, изнесе податоци, според кои во текот на 2014 година до сега се изречени 12 казни за граѓаните за непочитување на овие законски одредби, од кои 2 за каснување, а исто така се упатени и голем број опомени.